Атлетик Билбао се вмеша во трката за ЛШ

Фудбалерите на Атлетик Билбао со 3-0 против Валјадолид ја запишаа седмата победа оваа сезона, која им беше доволна да се вмешаат во трката за Лигата на шампиони (ЛШ).

Гурузета со два гола и Вивиан со еден погодок беа херои за Атлетик Билбао во дуелот против послабиот ривал, а тоа го однесе тимот на четвртата позиција во шпанската Ла Лига.

Атлетик Билбао има 24 бодови, колку штои имаат и Атлетико Мадрид и Бетис, но тие имаат полоша гол-разлика.

Претходно, Елче доживеа пораз од Жирона, иако водеше со 1-0 од 16. минута, но сепак Мартин и Кастелјанос им донесоа славје на гостите.