
Атлетик Билбао му даде три гола на Димитриевски
Рајо поведе по само пет минути игра, но потоа Атлетик се разигра и даде три гола од 14. до 33. минута, а Димитриевски не можеше да ги запре нивните удари.
Домаќините тргнаа и по четврти гол, но сепак Фалкао намали на 2-3, додека Димитриевски беше на висина на задачата и го спаси својот тим од поубедлив пораз.
Атлетик Билбао има 13 бода на третата позиција, додека Рајо се наоѓа на 11. место со седум бодови.