Асистенција на Барди, ама Хуанми го имаше шоуто – со хет-трик го расплака Леванте! (ВИДЕО)

Хуанми со хет-трик го расплака Леванте за да го остави тимот на македонскиот репрезентативец Енис Барди на дното во Ла Лига, во триумфот на Бетис со претсврт со 3-1 денеска во 15-то коло во шпанската елита, во кој Барди запиша асистенција.

После само седум минути Бетис беше шокиран откако македонскиот репрезентативец му асистираше на Шкодран Мустафи да даде гол за водство на Леванте, па после едно полувреме навивачите на овој клуб се понадеваа дека конечно е дојден моментнот за да се скрши мразот и да се запише првата победа, ама...

Хуанми на све асистенции на Вилијан Жозе за девет минути направи пресврт, прво со голот во 54-та израмни, а потоа во 63-та донесе водство и на крај комплетира хет-трик на осум минути пред крајот за да ја завери победата по која со осмиот сезонски триумф „зелено-белите“ дојдоа до 27 бода и четврто место во моментов во Ла Лига.

Леванте остана последен со само седум бода од седум ремија и без победа, веќе со пет заостаток и со меч повеќе од првиот над опасната зона Кадиз.