„АС“: Зидан и Рамос „бркаат“ една од најголемите ѕвезди на Реал Мадрид

Реал Мадрид има сезона за заборав, а на лето се очекува голем ремонт на екипата, па дел од сегашните фудбалери ќе го напуштат тимот.

„АС“ објави дека тренерот Зинедин Зидан отпишал петмина фудбалери, а на таа листа се наоѓаа Герет Бејл, Маркос Љоренте, Мариано Диаз, Тони Крос и Дани Себаљос.

Шпанскиот медиум ја пренесува и реакцијата на капитенот Серхио Рамос, откако ја видел листата со фудбалери кои треба да заминат. Тој веднаш побарал состанок со претседателот Флорентино Перез и Зидан и побарал уште неколку фудбалери да заминат.

Сепак, се поставува големо прашање кој ќе замине од фудбалерите за врска, дали Лука Модриќ или Тони Крос. Зидан, наводно сакал да го продаде Хрватот, зашто е четири години постар од Германецот, а со таа идеја се сложил и Рамос, кои сакаат да го избркаат Модриќ од екипата.

Оваа ситуација може да ја искористи Интер, кој долго време се поврзуваше со Модриќ, па тие на лето би можеле да го добијат потписот на Хрватот.