АС: Дортмунд има ветување кон Рајола дека на лето ќе го продаде Халанд!
Безмалку сите европски гиганти се силно заинтересирани за да го земат Халанд во своите редови, откако Норвежанецот ја воодушеви комплетната светска фудбалска јавност со своите настапи и голови, откако прво блесна за младата репрезентација на Норвешка (даде девет гола на еден меч на последното младинско СП), па потоа се изнадава голови за Ред Бул Салцбург, а продолжи да ги решета мрежите во дресот на Дортмунд.
Според договорот на Рајола и Дортмунд, од доаѓањето на Халанд, тој до летото 2022 година секако ќе биде дел од „милионерите“, а потоа Дортмунд нема да му прави проблем за заминување, иако актуелната соработка е до 2024 година. Медиумите веќе објавуваат дека помеѓу 80 и 100 милиони евра е откупната клаузула, но „АС“ повикувајќи се на извори тврди дека во договорот нема – откупна клаузула.
„Кога Борусија го донесе Халанд во зимата 2020 година еден од условите беше дека клубот и првиот човек Ханс-Јоаким Вацке ќе ветат дека на Норвежанецот има дозвола да си замине во 2022 година. Рајола сакаше Халанд да игра во Дортмунд зашто е клуб во кој нема голем притисок врз младите фудбалери и е супер тло за развој и погоди за тоа. Сега очекува од Вацке и управата да си го исполнат ветеното и на лето да дозволат Халанд да си замине во поголем клуб“, пишува „АС“.
Дортмунд за Норвежанецот плати 20 милиони евра, колку што беше неговата откупна клаузула во тој момент.