Артета со солзи во очите: Критикувајте нè колку сакате - заслуживме!
Киксот може скапо да ги чини „топчиите“ во битката за титулата, бидејќи предноста пред Манчестер Сити и тоа со натпревар повеќе, се намали на само пет бода. Камерите во финишот го уловија Артета со солзи во очите – слика што доволно зборува за тежината на испуштената шанса.
„Слободно критикувајте нè колку сакате, не игравме на потребното ниво. Што и да кажат луѓето, може да биде вистина – не го направивме тоа што требаше“, изјави шпанскиот стратег, прифаќајќи ја одговорноста.
Арсенал во последните три сезони беше на врвот во одреден дел од шампионската трка, но на крајот секогаш остануваше втор. Овој реми повторно ги буди старите стравови – дека сценариото би можело да се повтори. Особено што следува дерби против Тотнем.