Се редат маките на Интер - во реваншот и без Лаутаро
На реваншот во вторник ќе мора да брка два гола негатива, но тоа ќе го прави без својот најдобар стрелец Лаутаро Мартинез. Аргентинецот се повреди синоќа и излезе од игра во 51. минута, утре ќе има испитувања, но и тренерот Кристијан Киву соопшти дека е загубен за реваншот.
„Мислам дека го изгубивме, повредата делува сериозно. Ќе мораме да направиме баланс, ова не е мал проблем. Ќе видиме како да го решиме тоа, а Лаутаро по се изгледа долго ќе биде отсутен“, соопшти Киву.
Некои информации од Италија велат дека Романецот нема да може да смета ниту на Зјелински, но засега за тоа нема потврда.