Куче-волк ги бркало скијачките во Кортина, газдарицата не ни знаела дека избегало од дома

Една од најинтересните работи кои се случија вчера на Зимските олимписки игри беше финишот во натпреварувањето во нордиско трчање во женска конкуренција.

Не толку поради освојувачите на медали, колку поради тоа што во последните стотина метри, заедно со две хрватски натпреварувачки, трчање и едно куче. Многумина помислија дека се работи за куче-скитник кое случајно се нашло на патеката, но италијанските медиуми ја открија целата приказна што се крие зад него.

Не е обично куче, туку Чехословачко куче-волк, старо две години, со има Назгул. Припаѓа на Алис Вареско која воопшто не знаела дека избегала од дома и за тоа дознала гледајќи ги сцените на телевизија подоцна во текот на денот.

Една од хрватските скијачки кои финишираа заедно со Назгул призна дека во прв момент се исплашила од кучето-волк, ама подоцна сфатила дека не е опасно и дека сака само да си игра, па мирно ја привршила трката и останала прибрана.