Шпанска натпреварувачка откри: Многу секс има во олимпиското село, сите се во топ-форма
Некои спортисти не криеја дека се слободни и отворени за секаков можен состанок во Италија. Затоа веста дека има недостиг од кондоми во Олимпиското село беше повеќе очекувана отколку чудна. Шпанската натпреварувачка Ана Пелетеиро-Компаоре разговараше со локалните медиуми и објасни зошто се појавил недостигот од кондоми.
„Има многу секс во олимпиското село. Замислете - телата на сите се извајани од тренинг, тие се во врвна форма и цела година се фокусирани на својата цел. Кога конечно ќе се опуштите, ако натпреварот поминал добро, време е за славење, а ако не, време е за утеха. Одлично е“, изјави Компаоре која е атлетичарка и не настапува на Зимските олимписки игри, но е добро запозната како одат работите.
Бројката, сепак, е импресивна! Околу 10.000 кондоми биле употребени од речиси три илјади спортисти. Очигледно, Денот на вљубените во Олимпиското село бил повеќе од интересен…