Арсенал со фудбалер помалку стигна до реми против Лестер (ВИДЕО)

Арсенал ја продолжи серијата без пораз во Премиерлигата, откако денеска одигра 1-1 против Лестер на „Емирати“.

Пјер-Емерик Обамејанг продолжи со одличните настапи за „топчиите“, па во 21. минута го пронајде патот до мрежата на Лестер.

Во второто полувреме, „лисиците“ играа многу подобро, а Арсенал остана со играч помалку во 75. минута поради црвен картон, по што Џејми Варди во 84. минута успеа да израмни на 1-1.

Арсенал има 50 бодови на седмата позиција на табелата, додека Лестер е четвртопласиран со 59 бодови.