Арсенал на Обемејанг му понуди 250.000 фунти неделно!

Лондонски Арсенал ќе му понуди на својот најдобар фудбалер Пјер Емерик Обемејанг огромни 250.000 фунти неделна плата, најавија англиски меидуми.

Обемејанг влее во последната година од својот договор и ако не прифати нова соработка идното лето ќе си замине како слободен играч, а веќе од јануари може да ја договори новата дестинација.

Поради тоа, Арсенал е решен да го „одврзе ќесето“ за да го задржи својот херој од саботното финале во ФА-Купот, па планира да му даде еден милион фунти месечно или 12 милиони годишно.

Задржувањето на Обемејанг е приоритет на Микел Артета, кој околу него сака да го изгради новиот Арсенал, па поради тоа планира да се ослободи од низа фудбалери, за да отвори простор и во буџетот, ама да собере пари и за добри засилувања со цел „топчиите“ во следната година да имаат многу поконкурентен тим.