Арсенал конечно најде нов спортски директор

Англискиот гигант Арсенал потврди дека од денеска нов спортски директор на клубот е Андреа Берта.

Неговиот ангажман беше најавен пред неколку недели, меѓутоа се чекаше официјална потврда од Арсенал.

Берта работеше во Атлетико Мадрид дури 12 години, па им помогна да остварат успеси во последната деценија.

„Горд сум што ќе бидам дел од Арсенал, пред нас е возбудлив период. Арсенал има богата историја, а во последните години напредуваше многу“, кажа Берта.