
Арсенал го промовира Норгард, ќе го плати „само“ 12 милиони евра!
Британските медиуми пишуваат дека Арсенал платил 12 милиони евра за Норгард, а со фудбалерот потпишал договор на две години, со опција соработката да биде продолжена на уште една сезона.
„Норгард е фудбалер со одлична техника и има богато искуство во Премиер лигата. Во изминатите години покажа лидерски вештини и силен карактер кој ќе ни помогне во остварување на амбициите“, кажа тренерот Микел Артета.
Арсенал претходно се засили со Кепа Аризбалага од Челси и Мартин Зубименди од Реал Сосиедад.
Фото: Facebook/Arsenal