Арсенал го наполни Нотингем форест на дебито на Постекоглу! (ВИДЕО)

Арсенал со убедливи 3-0 го совлада Нотингем форест, гостите ги предводеше Анже Постекоглу за кој ова беше деби на тренерската позиција на овој тим.

Момците на Микел Артета одиграа одличен натпревар и ја оправдаа фаворитската улога против Нотингем форест.

Анже Постекоглу виде дека ќе има многу работа за да го оствари успехот на Нотингем форест од минатата сезона.

Резултатот го отвори Зубименди со спректакуларен гол во 32. минута. Тоа беше негов деби гол за топчиите.

По неколку секунди игра во вториот дел Ѓокереш зголеми на 2-0 по асистенција на Езе.

Конечните 3-0 ги постави Зубименди со погодок со глава по асистенција од Тросар.