Хујсен доби црвен картон, Алонсо ги загуби нервите (ВИДЕО)

Реал Мадрид води со 2-0 против Реал Сосиедад на полувреме, меѓутоа гостинскиот состав има фудбалер помалку на теренот затоа што Дин Хујсен доби црвен картон.

Хујсен спречи контра-напад и повлече фудбалер кој се наоѓаше пред него, а тоа го натера главниот судија да покаже црвен картон.

Тренерот на „кралскиот клуб“ збесна покрај аут-линијата кога забележа дека судијата реши да го исклучи неговиот фудбалер.

Младиот дефанзивец нема најдобар почеток во дресот на Реал зашто веќе доби два црвени картони во осум настапи.