Дончиќ ја купи куќата на Шарапова за 25 милиони долари (ФОТО)

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ купи луксузна куќа во Лос Анџелес и потроши дури 25 милиони долари.

Еден од најдобрите кошаркари во светот не штедеше пари за да ја добие вилата во која претходно живееше поранешната руска тенисерка Марија шарапова.

Дончиќ неодамна потпиша продолжување на договорот кое вреди 165 милиони долари.

Фото: FIBA