
Силекс го совлада и Работнички за „пет од пет“ во Првата лига
Силекс одигра уште еден одличен натпревар во кој до водство стигна со погодокот на Хрвановиќ во 43. минута од средбата.
Предноста на домаќинот ја зголеми Алиќ во 61. минута, додека Работнички преку Асани од пенал во 79. минута ја врати неизвесноста во завршницата.
Екипата од Кратово, сепак, не дозволи да прокоцка три бодови, па со уште еден гол на истекот на регуларните 90 минути ги постави конечните 3-1.
Кире Стојанов беше стрелец против Шкупи и така ѝ ја донесе првата победа на Брера Струмица во новата сезона во шампионатот.
Силекс со оваа победа се врати на врвот во Првата лига и има 15 бодови, додека зад него е Вардар со 13 поени.
Фото: ФК Силекс
Standings provided by Sofascore