
Престон Лајонс доаѓа на турнеја во Македонија - ќе играат со Вардар и Пелистер!
Фудбалерите на Престон Лајонс на 15. септември ќе тргнат од Австралија кон Македонија каде ќе се припремаат за новата сезона во тамошното првенство.
Клубот и играчите ќе учествуваат и ќе волонтираат во неколку хуманитарни акции во Македонија, вклучувајќи и дистрибуција на средства во Кочани.
Од клубот се заблагодаруваа на министерот за надворешни работи (МНР) Тимчо Муцунски и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ кој дале голем допринос за да се случи оваа турнеја.
Престон Лајонс ќе играат во Охрид, Битола и Скопје, а како датуми ги потврдија мечевите со Вардар и Пелистер.
Со Вардар ќе играат на 23. септември во Скопје, а со Пелистер два дена подоцна во Битола.