
Брера најде тренер за натпреварот со Шкупи
Имено, нов предводник на струмичкиот состав кој ќе го води тимот веќе во денешниот натпревар со Шкупи (15:30) ќе биде Мартин Алаѓозовски.
Алаѓозовски на клупата доаѓа по работата во младинските категории и сега добива одговорнаа и тешка задача да донесе подобри резултати откако Брера имаше лош почеток на сезоната.
Струмичкиот состав по четири одиграни кола на табелата е без победа со два порази и две нерешени средби.
Зад себе Алаѓозовски има успех и со пионерскиот состав на Брера со кој минатата година стигна до трофејот во првенството и купот, исто така го водеше и младинскиот тим против Сараево.
Во моментов тој е и дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Македонија до 16 години.