Шенѓун предизвика бура – ги провоцираше Грците со една од најголемите трагедии! (ФОТО)

Oбјавата на Алперен Шенѓун по пласманот на Турција во финалето предизвика бурни реакции.

Иако кошаркарот на Хјустон во победата над Грција постигна најмалку поени на овој Евробаскет, сепак имаше голем придонес во пласманот во финалето на избраниците на Ергин Атаман.

Сепак, повеќе внимание привлече неговата контроверзна објава по мечот.

Крилниот центар на Рокетс на Инстаграм објави фотографии и снимка од натпреварот со коментар:

„Зарем морскиот воздух не ти годи секогаш?“.

Во прв момент ова звучи како интересна провокација, но за многумина ова е и нешто подлабоко со историски контекс, алудирајќи на „малоазиската катастрофа“.

„Малоазиската катастрофа“ се однесува пред сè на Грчко-турската војна (1919–1922), како и на пошироките настани по Првата светска војна, кои довеле до крајот на грчкото присуство во Мала Азија и страдањето на Грците, што за грчкиот народ претставува една од најголемите трагедии во историјата.

Фото: FIBA