
Ридигер е жртва на фудбалскиот систем - за две години одиграл 103 натпревари за Реал
Според докторите, повредата е последица на напорниот ритам на фудбалерот кој последните две сезони речиси постојано беше на терен. Статистиката вели дека во овие две години, тој одиграл вкупно 103 натпревари само за Реал Мадрид, не вклучувајќи ги тука настапите за германската репрезентација каде исто така е незаменлив и само во 2024 и 2025 година има 15 меча.
Оваа бројка ќе беше уште поголема ако Ридигер не добиеше црвен картон на финалето од Копа дел Реј поради што беше суспендиран и го пропушти финишот од минатата сезона во шпанското првенство. Ридигер не е во цутот на младоста, веќе има 32 години и тешко може да го издржи овој ритам.
Шпанците, особено приврзаниците на Реал, се жалат на системот кој е жесток и ги исцрпува фудбалерите во секоја смисла. Поради Светското клупско првенство, мадридскиот тим беше речиси без одмор оваа година бидејќи минатата сезона ја заврши на 10 јули, а веќе на 1 август ги почна подготовките за новата кампања.