Арсенал добива големо засилување пред двомечот со Реал Мадрид

Арсенал ќе се соочи против Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), а тренерот Микел Артета доби одлични вести.

Англискиот репрезентативец Букајо Сака е убеден дека ќе се врати пред двомечот против „кралевите“, а тоа го потврдува и медицинската екипа на „топчиите“.

Првиот натпревар меѓу екипите се игра во Лондон на 8 април од 21 часот, додека реваншот е во Мадрид на 16 април од 21 часот.