Арсенал доби парична казна од фудбалската федерација на Англија

Дисциплинската комисија на Фубдалската федерација на Англија го казни Арсенал со 65.000 фунти поради однесувањето на фудбалерите за време на дуелот против Вулверхемптон во јануари.

Арсенал е казнет затоа што не успеал да ги контролира фудбалерите по исклучувањето кое го заработи голманот на лондонскиот тим.

„Топчиите“ се жалеа на црвениот картон на чуварот на мрежата, по што федерацијата ја поништи одлуката за суспензија од три натпревари.

Федерацијата, сепак, утврди дека девет фудбалери на Арсенал биле во непосредна близина на судијата и вршеле притисок.