Арапи му нудат 100 милиони евра на Модриќ за договор на две и пол години

Ал Наср пред крајот на 2022 година потпиша договор со Кристијано Роналдо, но сега планира да тргне по уште една ѕвезда и изборот паднал врз хрватскиот фудбалер Лука Модриќ, кој има договор со Реал Мадрид до крајот на сезоната.

Засега не е сигурно дека Модриќ ќе го продолжи договорот со „кралевите“, а тоа сакаат да го искористат од Ал Наср, кои му нудат две ипол годишна соработка на Хрватот и плата од 40 милиони евра по сезона.

Модриќ игра за шпанскиот гигант од 2012 година, каде што стигна од Тотнем, но во изминатиот период добива критики поради лошите настапи и сè поголеми се шансите да го напушти тимот.