Антонио со четири гола го торпедираше Норич за злато вредна победа на Вест Хем (ВИДЕО)

Фудбалерот на Вест Хем, Михаел Антонио, денеска беше нерешлива енигма за екипата на Норич, постигнувајќи четири гола за убедлива победа на својот тим од 4-0.

Со оваа победа избраниците на Дејвид Мојс се на чекор до обезбедување опстанок во Премиер лигата, и на три кола до крајот имаат шест бода повеќе од 18-то пласираниот Бормут, кој се наоѓа во опасната зона.

Злато вредна победа извојува и Вотфорд, кој дома со пресврт го доби Њукасл и сега има исто бодови како и Вес Хем.