Анчелоти ужива во Бразил, пие пиво и се дружи со млади девоки! (ФОТО+ВИДЕО)

Карло Анчелоти изгледа ужива во животот во Бразил каде што стана селектор на оваа репрезентација, неодамна беше најавено дека Бразилците веќе одлучиле да му го продолжат договорот, нешто на што и Италијанецот нема ништо против.

Но, покрај добрата работа со репрезентација на Анчелоти веројатно му се допаѓа и забавниот начин на живот во Бразил каде што сега присуствуваше на еден карневал.

Снимките од карневалот брзо станаа вирални, а на нив може да се забележи како искусниот стратег се опушта со пиво, но исто така е водруштво и на млади девојки.