Хаос пред вратите по куп-финалето во Куманово (ВИДЕО)

МЗТ Скопје и Куманово (96-70) понудија возбудливо финале во Купот, но по него беа забележани хаотични сцени пред излезните врати од спортската сала.

Голем број навивачи со мали деца останаа заглавени пред излезните врати на салата поради стандардната процедура на полицијата која можеше да донесе ептен немили сцени.

Домашните навивачи беа задржани во ходникот од полицијата со цел најпрво да бидат изнесени гостинските фанови за да биде избегнат инцидент.

Сепак, сцените од ходникот беа навистина хаотични, затоа што голем број фанови беа заглавени и притоа е ризикувана нивната безбедност бидејќи во идентични случаи во странство имаме забележано колку лесно може да се создаде стампедо во такви ситуации.