„Столе, лилјакот“: Димитриевски стана хит по победата против Леванте (ВИДЕО)

Валенсија триумфира со 2-0 против Леванте, а македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски ја сочува мрежата недопрена.

Димитриевски беше одличен на голот на Валенсија, а клубот по мечот објави видео кое стана хит.

„Столе, лилјакот“, стои во описот.