Англиските навивачи во анкета открија кој тим сакаат да ја освои Премиерлигата

Трката за шампионската титула во Премиерлигата е при крај, а голема борба водат Ливерпул и Манчестер сити. Во среда се игра големото дерби во Манчестер меѓу Јунајтед и Сити на „Олд Трафорд“, па тука ќе бидат познати многу работи.

Англиските новинари во меѓувреме направија анкета во која ги прашаа навивачите на сите премиерлигашки клубови кој тим би сакале да ја освојат титулата.

Интересно е тоа што навивачите на 14 клубови би сакале Ливерпул по 29 години да го освои трофејот во Англија, додека навивачите на Саутемптон, Челси, Евертон, Манчестер јунајтед и Сити сакаат „граѓаните“ да го освојат трофејот.

Само навивачите на Барнли беа нерешителни за прашањето за новиот шампион, па на нив им е сеедно кој ќе ја освои титулата.