Англиски судија откри дека е геј: Фудбалот е премногу мачо за да прифати хомосексуалци!
Неговата кариера беше исполнета со контроверзии, меѓу кои и скандалот со видео снимка во која го навредуваше Јирген Клоп, тогашниот тренер на Ливерпул, како и објавата на друго видео на кое се гледа како користи бел прав за време на Европското првенство. Во интервју за британскиот таблоид „Сан“, Кут призна дека долго време ја криел својата сексуална ориентација поради страв од осуда во „мачо“ фудбалскиот свет.
„Ми беше срам, особено во младоста. Беше тешко да ја прикривам мојата сексуалност. Како судија, криењето на емоциите е корисно, но за мене, како човек, тоа беше катастрофално. Тоа ме натера да се однесувам на начин на кој не сакам,“ изјави Кут.
Тој додаде дека проблемите со самодовербата и стравот од дополнителна дискриминација го спречиле да се гордее со тоа што е.
„Сум бил изложен на навреди во текот на мојата кариера, а ако откриев дека сум геј, ситуацијата ќе станеше уште потешка. Фудбалот мора да направи повеќе за да ја намали дискриминацијата,“ заклучи Кут.