Англија завиена во црно: Почина освојувач на СП на 85-годишна возраст!

Англија утрово доби тажна вест откако поранешната легенда Џек Џарлтон почина на 85-годишна возраст.

Освојувачот на титулата на Светско првенство (СП) со Англија од 1966 година ја загуби битката за својот живот, откако од лани боледуваше од деменција.

Тој заедно со Боби Чарлтон го освои трофејот во 1966 година на СП, а за Лидс одигра повеќе од 600 настапи.

По успешната фудбалска кариера, Чарлтон работеше и како тренер. Ги предводеше Мидлзброу, Шефилд венздеј и Њукасл, а 10 години мина и на клупата на Ирска.