Англичаните за едно коло му најдоа маана на ВАР, па ќе се прават промени

ВАР-системот имаше деби во Премиерлигата минатиот викенд, но веднаш доби критики.

Системот не беше на висина на задачата во две ситуации и тоа на стартот на првенството, па така многумина се прашуваат дали ќе им помогне за да имаат подобро првенство.

„Тајмс“ пишува дека Меѓународниот одбор на фудбалски сојузи ја разгледува ВАР-технологијата и посебно внимание ќе се посвети на недозволените ситуации.

Медиумот пишува дека ФИФА и раководните тела на неколку фудбалски асоцијации ќе формираат дел на кој ќе се разгледуваат спорните ситуации, кои се случуваше во последно време.

ВАР пресуди дека Рахим Стерлинг беше во офсајд пред да ја додаде топката на Габриел Жесус, кој постигна гол.

Исто така, на дуелот меѓу Лестер и Вулверхемптон голот на Ленадер Дендокер беше поништен, откако Вили Боли ја удри топката со рака во акцијата, која следуваше пред голот.