Англичаните му составија „дрим тим“ на Зидан - вакво нешто не може да има ниту на сон (ВИДЕО)

После враќањето на француската легенда Зинедин Зидан во Реал Мадрид, откако вчера „кралскиот клуб“ официјално го промовираше, англиските таблоиди веќе му го составија новиот тим на популарниот Зизу, кој ако добро се погледне е толку нереален, што ни самиот Французин не би можел да го замисли.

Таблоидот „Сан“ состави прв тим на Реал Мадрид, кој треба во иднина да доминира во светскиот фудбал. И ако нешто друго, освен што е нереален и небулозен, отвара прашање, дали Реал и да сака би можел сите ѕвезди да ги ангажира, сооглед на пазарната вредност на фудбалерите, за кои ќе им требаат две милијарди евра на „кралевите“.

Ако ништо не се менува според овој состав тоа е дефанзивата, ама затоа средниот ред и нападот – би бил пеколен. Со Нголо Канте, Кристијан Ериксен, Пол Погба, Еден Азар и Нејмар и Мбапе.