Анчелоти му нареди на Винисиус да не се буни кај судијата, тој му врати со – пцовка (ВИДЕО)

На површина излезе снимка од реванш-натпреварот од четвртфиналето на Кралскиот куп помеѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад (4-4), која открива тензии меѓу тренерот Карло Анчелоти и една од најголемите ѕвезди на тимот – Винисиус Жуниор.

Иако е познат по своите фудбалски способности, Винисиус често се наоѓа во конфликти со судиите, противничките играчи, како и со навивачите. Снимката открива дека неговите расправии не се ограничени само на тие страни – во неа се гледа и вербален судир со неговиот тренер.

Анчелоти неколкупати се обидува да го смири Винисиус, повикувајќи го да престане со приговорите и да се фокусира на играта. Откако фудбалерот не реагира на неговите упатства и му враќа со пцовки, италијанскиот стратег избувна и го испрати Брахим на загревање за да го замени Бразилецот.

ФОТО: Скриншот Твитер