Анчелоти кажа што сака да направи пред да се пензионира

Италијанскиот тренер Карло Анчелоти нема добар почеток на сезоната со Реал Мадрид, но најави дека нема да се откажат од борбата за титулите во сите натпреварувања.

Анчелоти во разговор со медиумите кажа што би сакал да направи пред да замине во пензија, иако засега не е познато кога би се случило такво нешто.

„Пред да се пензионирам, сакам да ја освојам Лигата на шампиони уште еднаш во кариерата. Јас сум тренер кој сака секогаш да биде на врвот“, кажа Анчелоти.

Стратегот на „кралевите“ во кариерата има освоено пет пехари во Лигата на шампиони (ЛШ).