Анчелоти ја соопшти судбината на Азар во Реал Мадрид

Еден Азар има кошмарни три сезони во дресот на Реал Мадрид. Белгиецот постојано се повредува и никако да фати натпреварувачки ритам. 

Тој целосно испадна од ротацијата на тренерот Карло Анчелоти, па и кога е фит не може да игра поради неверојатната форма на Винисиус Жуниор. Сепак и покрај тоа што овие три сезони одигра само 47 натпревари во Ла Лига на кои најчесто влегуваше од клупата, клубот и натаму верува во него.

Тренерот Карло Анчелоти најави дека крилниот напаѓал ќе остане во Мадрид, бидејќи има огромна желба да го докаже својот квалитет.

„Еден Азар ќе остане во Реал Мадрид и следната сезона. Планот на фудбалерот е многу јасен, тој сака да го покаже својот квалитет следната сезона“, изјави Италијанецот.