
Анчелоти им испратил порака на играчите на Реал по киксот против Ал Хилал!
Не само што одигра реми, туку фудбалерите на Реал беа надиграни во голем дел од мечот од противникот кој требаше да го победат.
Поддршка за фудбалерите на Реал Мадрид стигна од Карло Анчелоти. Италијанскиот стратег веднаш им се јавил на дел од играчите, испратил порака до сите која била пренесена во соблекувалната.
„Сите против вас ќе играат на максимум, нема да ви биде лесно. Големи очекувања се создадоа со доаѓањето на Чаби Алонсо, а тоа дополнително ги мотивира противниците да го дадат најдоброто од себе“, меѓудругото им кажал Анчелоти и се обидел да го намали притисокот кој играчите го имаат во моментов и кој веројатно е пречка за да се прикажат во вистинско светло.
Следниот меч на Реал Мадрид е во недела против Пачука, кралскиот клуб веќе нема право на кикс.