Анчелоти: Азар? Не сум тука да делам минути, тука сум за да - победувам!

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не ни помислува да му даде некоја поголема шанса на Еден Азар кој ретко е на теренот.

Реал Мадрид сака да го продаде Азар на лето, неговиот договор истекува во 2024, но тоа се чини дека нема да се случи, Белгиецот преферира да си го одработи договорот до крај бидејќи никој друг не му нуди 450.000 евра неделно.

А неговата ситуација нема да се промени, Карло Анчелоти не го интересира кој колку заработува, тоа што му е важно се само перформансите на играчите.

„Не сум тука на секој фудбалер да му давам минути, туку сум за да победувам. Ги ставам најдобрите 11 за да го добиеме натпреварот. Не гледам кој колку заработува или колку години има. Ме интересираат само перформансите“, вели Анчелоти.