
Аморим прецрта четворица - нема да патуваат на турнејата во САД
Станува збор за Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо, Алехандро Гарначо и Антони кои се надвор од неговите планови. Од нив, само Гарначо ја заврши сезоната во Јунајтед, додека останатите тројца играа на позајмици.
Рашфорд го помина вториот дел од сезоната во Астон Вила. Санчо во Челси, а Антони во Бетис и сите тројца оставија одличен впечаток таму каде што настапуваа. Гарначо неколку пати влезе во конфликт со Аморим, португалскиот стручњак јавно го изрази своето незадоволство од неговото однесување и затоа Аргентинецот најверојатно ќе биде продаден во летниот преоден рок.