
Циркус во Хале: Зверев трчаше во соблекувална среде меч
Третиот светски рекет се фати за стомак во вториот гем од мечот, неколку секунди стоеше така, а потоа истрча во соблекувална. Неколку минути подоцна се врати, како ништо да не се случило и го доигра натпреварот до крајот.
„Се чувствував добро пред мечот, а потоа одеднаш ми се слоши. Скоро повратив, а 15 минути подоцна повторно беше се во ред. Не знам што се случи, никогаш порано не сум доживеал ништо слично“, рече Зверев.
По 90 минути игра, тој на крајот славеше со 2-0 и денеска од 15 часот, во полуфиналето ќе се сретне со Данил Медведев.