Аморим направи голема промена пред дербито против Арсенал
„Ѓаволите“ се наоѓаат во резултатска криза, па тренерот реши од голот да го отстрани првиот голман Андре Онана, кој нема да биде ниту на клупата за резерви што е големо изненадување.
Според англиските медиуми, Аморим планира да му даде шанса на турскиот чувар на мрежата Алтај Бајиндир, но засега не е познато кој ќе биде негова замена.
Дербито меѓу Арсенал и Манчестер јунајтед е закажано за денеска од 16 часот на „Емирати“.