Американци ја купија Џенова, Пандев доби нови газди

Американскиот инвестициски фонд „777 Партнерс“ за 150 милиони евра ја купи Џенова од Енрико Прециози, па така македонскиот фудбалер Горан Пандев доби нови газди во калчолигашот.

Поранешниот прв човек на клубот, Прециози ја испрати последната порака преку веб-сајтот на Џенова.

„Конечно дојде време да подадам рака на новите газди. Ви кажав дека ќе ја оставам Џенова само на силен и стабилен сопственик. По долги преговори ја продавам Џенова на американскиот инвеистициски фонд. Тие ќе го предводат најстариот италијански клуб“, вели Прециози.