Алонсо му ветил на Леверкузен: Вирц останува и следната сезона!

Новата ѕвезда на германскиот фудбал, Флоријан Вирц со гол го почна Европското првенство и повторно ги навлече шпекулациите на него.

За Вирц се интересираат речиси сите гиганти, но Алонсо му ветил на Леверкузен дека тој ќе остане во клубот барем уште една сезона.

Кога Чаби Алонсо зборувал со Леверкузен за останување и следната сезона, тој му дал гаранција на клубот дека и Вирц ќе остане.

Тренерот пред да ја донесе одлуката за останување, зборувал со клучните фудбалери и тие му ветиле дека ако тој остане, и тие ќе останат.

Ова лето Вирц нема да направи трансфер, но голема е веројатноста дека наредното ќе замине. Пред сѐ тој се поврзува со Реал Мадрид за кого се шпекулира дека би можел во пакет да ги донесе Чаби Алонсо и Флоријан Вирц.

Интерес за Вирц има и од гигантите од Англија, а директорот на Барселона, Деко долго време е негов фан, но финансиската состојба е таква да каталонскиот клуб не може ни да помисли да го донесе.