Пикси имаше непријатна средба со навивач: Тоа кажи им го на играчите (ВИДЕО)

Фудбалерите на Србија и понатаму имаат шанса за пласман во осминафиналето на Европското првенство, меѓута впечатокот во српската јавност засега не е добар.

Избраниците на селекторот Драган Стојковиќ-Пикси очигледно имаат проблем кога играат на големи натпреварувања и никако не успеваат да ги оправадаат очекувањата кои ги има јавноста.

Сега еден српски навивач имаше средба со Пикси во хотелот каде што престојуваат фудбалерите и имаше критики кон репрезентацијата на што Пикси возврати:

„Не играм јас брате, тоа кажи им го на играчите“...

Навивачот продолжи да инсистира на улогата на Пикси, но Пикси остана на својот став и со насмевка влезе во лифтот.