УЕФА по Даку ја казни и Албанија

По суспензијата од два натпревари за Мирлинд Даку, УЕФА изрече казна и на Фудбалскиот сојуз на Албанија поради инцидентот во натпреварот против Хрватска во второто коло од групата „Б“ на Европското првенство.

Причината поради која е казнета Албанија е палење пиротехнички средства и ширење провокативни пораки, како и за влегување на навивач на терен.

Така Фудбалскиот сојуз на Албанија ќе мора на УЕФА да и плати сума од 47.500 евра.

Еден претходно Хрватска беше казнета со 28.000 евра и тоа е втора санкција кон Хрватска, претходно сојузот мораше да плати 87.875 евра поради инциденти во натпреварот со Шпанија.