Ќе има ли циркус во Франкфурт? Словачка и Романија одат во осминафинале со 0-0

Групата Е од Европското првенство во Германија е најинтересна во пресрет на последното коло бидејќи сите четири репрезентации имаат по три бода.

Многу веројатно оваа група ќе даде три осминафиналисти, особено ако се оствари сценариото кое е најавено пред почетокот на последниот круг. Во него се среќаваат репрезентациите на Романија и Словачка и извесно е дека нерешен резултат им одговара на двете селекции кога станува збор за пласман во нокаут фазата.

Поради тоа, можно е да гледаме циркус во Франкфурт, каде што ќе се игра мечот затоа што ниедна од двете репрезентации нема да има мотив да напаѓа. Не е исклучено во 90 минути да има само подавања на една од половината, без желба некоја од нив да преземе ризик и да го нападне противничкиот гол. Ако мечот заврши без голови, не е важно кој ќе триумфира на дуелот меѓу Белгија и Украина.

Романија по шести пат учествува на европските првенства и само еднаш, во 2000 година, ја поминала групата. Словачка е трет пат дел од континенталната елита како самостојна држава и исто така еднаш, во 2016 година, се пласира во нокаут фазата.