Алкараз го совлада Музети и ќе ја „лови“ првата титула во Рим!
Алкараз доминираше во првиот сет и направи два брејка на противнички сервис за предност од 4-1, сепак Музети во следниот гем возврати и се понадева дека може да направи пресврт. Шпанецот не дозволи такво сценарио, па во продолжение од сетот направи уште еден брејк и славеше со 6-3.
Музети тргна подобро од ривалот во вториот сет и водеше со 4-2, но Алкараз ја надополни негативата и се избори за тај-брејк, каде што беше подобар со 7-4 и се пласира во финале.
Шпанецот во финалето ќе се бори со победникот од дуелот меѓу Јаник Синер и Томи Пол.
Фото: EPA PHOTO