Алиоски погоди, но само го ублажи поразот на Ал Ахли (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски постигна гол за Ал Ахли, но тоа не беше доволно за да го спаси својот тим од пораз од 1-2 на домашен терен од Ал Наср Ријад во рамки на 13.коло во шампионатот на Саудиска Арабија. 

 Бразилецот Андерсон Талиска погоди два пати за водство на гостите од 0-2, а Алиоски со удар од работ на шеснаесетникот во 84.минута ги постави конечните 1-2. 

За нашиот репрезентативец ова беше трет сезонски гол во Саудиска Арабија. Ал Ахли моментално се наоѓа на 9.место на табелата во првенството со 15 бодови.