Алиоски: Лидс заслужува да биде шампион!

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски зборуваше за британските медиуми и кажа дека уште не им е сигурен пласманот во Премиерлигата, но и дека сака да ја освои титулата со Лидс во Чампионшип-лигата.

Лидс на четири меча до крајот на сезоната се наоѓа на првото место со 81 бод, односно еден повеќе од ВБА и пет повеќе од третопласираниот Фулам, па поради тоа Алиоски смета дека би можеле да ја освојат титулата доколку продолжат со добрите настапи.

„Знаеме дека сме најсилен тим во лигата и знаеме дека одиме на терен да го победиме секој противник. Лидс заслужува да ја освои титулата. Секако, првите два тима ќе добијат промоција во Премиерлигата, но со освојување на трофејот ќе покажеме дека сме најмоќни“, кажа Алиоски.