Алиоски и Лидс на еден бод до пласман во Премиерлигата

Лидс го совлада Барнсли со минимални 1-0 во рамки на 44.коло во Чемпионшип дивизијата и дојде на само еден бод до пласман во Премиерлигата.

На тимот од „Иланд Роуд“ потребно му е само едно реми од последните два натпревари од сезоната за математички да обезбеди промоција за прв пат по 16 години.

Лидс денеска славеше среќно благодарение на автоголот на Михаел Солбауер во 28-та минута. Македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски влезе во игра на стартот на второто полувреме поточно во 49-тата минута на местото на повредениот Елдер Коста.

На врвот на табелата Лидс има 87 бодови, пет повеќе од второпласираниот ВБА и шест повеќе од Брендфорд, кој е трет. Во следното коло во недела, Лидс гостува кај Дерби и со евентуално реми може да се пласира во Премиерлигата.